Sentinel Dual е новата серија на UPS уреди со висока моќност и мал волумен, во on-line изведба (двојна конверзија), погодни за напојување на широк опсег на уреди, како што се сервери, системи за складирање, VoIP телефонија, мрежни и медицински системи, како и индустриски апликации.
Идеален е и за напојување и за заштита на Blade Server системи со висок коефициент на влезна моќ. Со само 2U зафатнина во ормарот, Sentinel Dual е идеален за инсталација во 19” rack ормари. Sentinel Dual има практичен, современ дизајн и вклучува неколку предности во перформансите во однос на традиционалните ON LINE UPS.
Новодизајнираниот инвертер е еден од најдобрите системи за конверзија на енергија на пазарот, со 0.9 коефициент на излезна моќ и 92% ефикасност во ON LINE режим. За бизнис апликации кои бараат долготраен континуитет, автономија на батериската банка може да се продолжи до неколку часа користејќи ги ER моделите опремени со моќни полначи за батерии. Дизајниран за заштеда, Sentinel Dual исто така е опремен со копче за исклучување за да ја намали потрошувачката на енергија на нула за време на долги периоди на неактивност.