Sentinel Tower е идеално решение за заштита на критични системи како што се безбедносни уреди, телекомуникациска опрема и ИТ системи, кој обезбедува максимална сигурност на напојувањето.
Sentinel Tower е дизајниран и изведен со користење на најсовремена технологија и компоненти за да обезбеди максимална заштита на критичните товари без да има влијание на системите и оптимизирана заштеда на енергија.
Серијата вклучува модели од 5-6 kVA монофазен влез/монофазен излез и 8-10 kVA монофазен/трифазен влез и монофазен излез, во on-line изведба (двојна конверзија) на напон (VFI товарот е постојано напојуван од инвертор кој обезбедува синусоиден напон, филтриран и стабилизиран во однос на напонот, обликот и фреквенцијата. Влезните и излезните филтри обезбедуваат значителна дополнителна заштита од дисторзии на напојувањето од мрежа, како и од електрични празнења предизвикани од грмотевици.
Во поглед на технологијата и перформансите, Sentinel Tower е еден од најдобрите UPS уреди достапни на пазарот денес: S3L инвертор за постигнување на ефикасност од 95%, излезен коефициент на моќност 1 за зголемување на ефикасноста на системот и уредите и намалување на загубите.
Можност за работа во ECO режим и SMART ACTIVE режим; нов дијагностички LCD дисплеј, RS232 и USB интерфејси со Powershield³ софтвер, ESD влез, интерфејс слот дополнителни комуникациски картички.