Sentinel Pro

Самостоечки монофазен line-interactive УПС уред, со моќност од 700V – 3000VA

Sentinel Pro со својот уникатен, современ дизајн и подобрени перформанси е создадени од тимот за истражување и развој на Riello UPS. Sentinel Pro користи ON LINE двојна конверзија, што резултира со највисоко ниво на доверливост и максимална заштита за критични товари како што се сервери, ИТ и апликации за VoIP апликации.

За бизнис апликации кои бараат долготраен континуитет, автономија на батериската банка може да се продолжи до неколку часа користејќи ги ER моделите опремени со моќни полначи за батерии.

Предниот панел на УПС уредот е целосно редизајниран, додавајќи LCD дисплеј од кој може во секој момент да се отчитаат напони на влез и излез, отчитување на состојбата на батериските банки и информации за оперативниот статус на UPS. Инвертерот и микропроцесорската контрола се целосно редизајнирани за да обезбедат зголемена ефикасност и повеќе можности за конфигурација.

Sentinel Pro има вграден USB порт за комуникација, како и слот за дополнителни комуникациски картички или картичка со релејни контакти. Дизајниран за заштеда, Sentinel Pro исто така е опремен со копче за исклучување за да ја намали потрошувачката на енергија на нула за време на долги периоди на неактивност (ECO LINE). Sentinel Pro е достапен во изведба од 700 VA, 1000 VA, 1500 VA, 2200 VA и 3000 VA.