NextEnergy NXE

Самостоечки УПС уред во on-line изведба (двојна конверзија), без трансформатори, со моќности од 250 – 800 kVA

NextEnergy е најновата серија УПС уреди дизајнирани за критични апликации. Трифазниот УПС уред нуди технологија без трансформатор за двојна конверзија VFI SS 111, со интеграција на последната верзија на S3L IGBT инвертор.

NextEnergy е дизајниран да ги задоволи енергетските барања на иднината, нудејќи највисока ефикасност на пазарот и ниски оперативни трошоци. Благодарение на Efficiency Control System (ECS), NextEnergy гарантира највисоки нивоа на ефикасност дури и при мали оптоварувања.

Со т.н. unity power factor се обезбедува фактор на полезно дејстово од 1 (kVA=KW) и лесната надоградба на системот го прават идеално решение за континуитет на бизнисот на секоја ИТ апликација.