Multi Power

Модуларен тип на УПС уред во on-line изведба (двојна конверзија), со моќности од 45 – 294 kVA

Riello UPS MULTI POWER (MPW и MPX) е трифазен УПС уред со модуларна архитектура, во on-line изведба (двојна конверзија), со можност за редундантност. Модуларната изведба дозволува опсег од 15 до 1176 kW и е произведен со специјално дизајнирани компоненти и технологија без трансформатор, кои обезбедуваат извонредна ефикасност до 96,5% и висока моќност во компактен облик.

Модуларната изведба го намалува пре-димензионирање при инсталација, додека нуди можност за надградба на системот „плати како растеш“ кога ќе се појави потреба од проширување, оптимизирајќи го почетниот инвестиционен трошок, како и вкупните тековни оперативни трошоци.

Дизајниран е да ги штити:
  • Критични компјутерски и ИТ средини (компании и институции)
  • Дата центри
  • Критични системи